Background

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА „НУ БИБЛИОТЕКА ‘ГРИГОР ПРЛИЧЕВ’, ВЧЕРА, ДЕНЕС И УТРЕ“ ОД М-Р МИЛЧО ЈОВАНОСКИ

Во рамките на општинската програма „Деца сме на Климента“, денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа свечената промоција на книгата „НУ Библиотека ‘Григор Прличев‘ вчера, денес и утре“ од м-р Милчо Јованоски, во издание на Библиотеката и со поддршка на Општина Охрид.

Во името на Локалната самоуправа присутните ги поздрави советничката во Советот на Општина Охрид, Наташа Попоска Карче која упати срдечни честитки до авторот и го истакна значењето на неговиот труд.

Книгата беше промовирана од проф. д-р Зоран Тунтев, кој одржа обемна, детална и исклучително пофална реч, ставајќи акцент врз значењето на делото, трудољубивоста на авторот и вредноста на новите истражувања. Во своето излагање професорот истакна дека книгата претставува значаен придонес во современото проучување на Прличев и книжевната историја на Охрид.

- Advertisement -
Ad image

Пред присутните се обрати и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“, Христина Трпеска, која исто така ја нагласи важноста на овој проект за институцијата и за градот. Таа најави дека како продолжение на ова издание ќе биде и документарниот филм посветен на Прличев, кој се подготвува и ќе биде премиерно прикажан во рамки на културната манифестација „Прличеви Беседи“.

Авторот м-р Милчо Јованоски во своето обраќање пред присутните се заблагодари за поддршката и истакна дека му претставува исклучителна гордост и чест да работи на вакви проекти и тоа што оваа промоција е дел од програмата за одбележување на патронот на градот, Свети Климент Охридски. Јованоски објасни дека во ова издание се обединети најновите истражувања поврзани со животот и делото на величествениот охридски поет и преродбеник Григор Прличев.

Оваа книга е прва од ваков вид во издание на Библиотеката и паралелно е напишана на македонски и англиски јазик. Паралелниот англиски превод на текстот е изработен од д-р Габриела Неделкоска. Книгата е замислена како мал туристички водич за Охрид и ќе биде наменета за странските гости на Библиотеката и градот, но и за сите љубители на охридската културна ризница.

Во рамки на промоцијата на книгата од страна на Библиотеката „Григор Прличев“  беа доделени благодарници на соработниците и поддржувачите на институцијата и сите оние кои го помогнале објавувањето на ова дело.

Пригодната свеченост беше збогатена со музички точки во изведба на учениците од ОУМУ „Методи Патче“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation