Руската интерконтинентална ракета Сармат, нарекувана и „Сотона II“, експлодирала непосредно по полетувањето од базата Јасни во Оренбуршката област

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руската интерконтинентална ракета Сармат, нарекувана и „Сотона II“, експлодирала непосредно по полетувањето од базата Јасни во Оренбуршката област.

Ова е петти неуспешен тест на проектот кој Москва го промовира како симбол на својата нуклеарна надмоќ.

Според снимките објавени на платформата Икс, проектилот излетал неколку десетици метри, потоа скршнал од траекторијата и се урнал, оставајќи огромна огнена топка и чад над полигонот.

Ваквиот неуспех повторно ја отвори дебатата за реалната состојба на руската воена технологија.

Претходниот тест во септември 2024 година завршил со експлозија на космодромот Плесецк, создавајќи кратер со дијаметар од неколку десетици метри.

 

И покрај серијата катастрофи, рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека Сармат ќе биде ставен на борбена дежурност во текот на 2026 година.

Сармат е 35 метри долг проектил со дострел од 18.000 километри и тежина од над 200 тони. Според експертите, проектилот може да носи повеќекратни нуклеарни боеви глави и да погодува цели во САД и во Европа.

Сепак, анализите на одбранбени портали во Украина и на Запад потврдуваат дека снимките од последното неуспешно тестирање навистина покажуваат дека се работи за овој тип на ракета. Според истражувачот Павел Подвиг од Обединетите нации, можни се само две варијанти: старaта SS-18 „Сотона I“ или новиот Сармат.

- Advertisement -
Ad image

– Мислам дека старата ракета е исклучена, бидејќи не е тестирана од 2013 година – изјави Подвиг за британскиот „Телеграф“.

Share This Article