Брзите модни гиганти „Шеин“ и „Тему“ се под зголемен притисок во Соединетите Американски Држави откако двајца истакнати политичари повикаа на истрага за наводите за принудна работа и кражба на интелектуална сопственост

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Брзите модни гиганти „Шеин“ и „Тему“ се под зголемен притисок во Соединетите Американски Држави откако двајца истакнати политичари повикаа на истрага за наводите за принудна работа и кражба на интелектуална сопственост.

Главниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон, започна истрага за „Шеин“, по слични потези против компанијата во неколку европски земји.

Пакстон, изјави дека бројни извештаи покренале сериозна загриженост за наводното потпирање на Шеин на принудна работа, како и тврдења за небезбедни материјали и заведувачки маркетинг.

Истрагата ќе процени дали практиките на Шеин ги кршат законите на Тексас со наводно користење опасни материјали и дали компанијата ги заведувала потрошувачите во врска со етичкото потекло на своите производи. Ќе бидат испитани и практиките за собирање податоци на Шеин.

– Нема да дозволам евтина, опасна, странска стока да ја преплави Америка и да го загрози нашето здравје- рече Пакстон.

Во исто време, на национално ниво, сенаторот Том Котон повика на федерална истрага за „Шеин“ и „Тему“, кои ги опиша како „комунистички кинески“ платформи, обвинувајќи ги за кражба на интелектуална сопственост што „уништила“ американски компании.

Шеин рече дека сериозно ги сфаќаат загриженостите изразени во врска со нивните деловни практики.

„Го поздравуваме конструктивниот ангажман со државниот обвинител Пакстон“, соопшти Шеин, додавајќи дека ќе соработува со истрагата.

Share This Article