Драги сограѓани, со особено задоволство ве поканувам да присуствувате на свеченостите во чест на Свети Климент Охридски, патронот и вечниот заштитник на нашиот град.
Чествувајќи го ликот и делото на нашиот просветител ги зацврстуваме темелите на нашата култура и го потврдуваме значењето на Охрид како духовен и образовен центар.
Во духот на традицијата, заедништвото и почитта кон Светиклиментовото дело подготвивме богата, шестдневна програма која започнува од утре 03.12.2025 година.
Нека е вечен споменот на Свети Климент Охридски!


























