Background

Пензионерите од пред Уставниот суд порачаа, доста е со поделби, со процентуално зголемување на пензиите ќе немаме за леб

Пензионерите од целата држава денеска на протест пред Уставниот суд во Скопје го изразија својот револт од најавеното укинување на линеарното покачување на пензиите, со барање тоа да продолжи.

Зоран Трајков, претседател на иницијативниот одбор на групата пензионери кои се залагаат за линеарно покачување на пензиите, им порача на уставните судии да се прашаат „каде е грижата за пензионерите со мали пензии“. Тој додаде дека и дека за тоа треба некој да поведе грижа.

– Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и за лекови. Не го зборуваме ова против власта. Ова го зборуваме за Македонија еднаш да биде обединета. Доста е со поделби. Не за џабе викаат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен – изјави Трајков.

- Advertisement -
Ad image

Тој најави дека нема да протестираат само пред Уставниот суд, односно, на протестот на 10 декември ќе појдат и пред Канцеларијата на Европската Унија.

– За првпат се крева гласот на пензионерите. Доста беше со процентуално зголемување на пензиите од 600- 700 денари. Ќе немаме за леб, ако се случи да биде процентуално. Јазот меѓу најголемата и најмалата пензија беше 1 према 4, сега е 1 према 7 и само ќе се зголемува. Доста е пензионерите да бидат поделени – посочи Трајков.

Пензионерите порачаа дека имаат минимални пензии затоа што се жртви на транзицијата, без платени придонеси и се борат за опстанок.

Сите треба да се запрашаат зошто некои пензионери на следното покачување ќе земат по 700-800 денари плус, а други по 3.000-4.000 денари, велат тие.

Во Штип во саботата се собраа пензионери од Штип, Свети Николе, Скопје и од Куманово, од каде го најавија и денешниот протест пред Уставниот суд во Скопје. Најавија дека освен линеарно усогласување на пензиите ќе бараат и К-15, покачување на посмртнината од 35.000 на 50.000 денари, како и воведување на пензионерска картичка.

Пензионерите минатата година и во март годинава добија линеарно покачување на пензиите од по 2.500 денари, во септември добија по 1.000 денари и во март 2026 година треба да добијат  уште по 1.000 денари.

Уставниот суд на иницијатива на уставната судијка Добрила Кацарска неодамна поведе постапка за оценување на уставноста на линеарното зголемување. Кацарска смета дека таквиот вид на зголемување е спротивен на Уставот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation