Background

Адмиралот Драгоне не исклучува напад на руска територија, за да се одврати Москва

НАТО ја разгледува можноста за поагресивен одговор на руските кибер напади, саботажи и на повредите на воздушниот простор, изјави денеска претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне.

– На кибер полето главно реагираме пост фестум. Размислуваме да бидеме попроактивни, а не само реактивни – рече Драгоне во разговор за Фајненшл тајмс.

Адмиралот наведе дека „превентивен удар“ во одредени околности би можел да се смета за „одбранбена акција“, но, предупреди дека таквиот пристап е „далеку од вообичаениот начин на размислување и на делување на Алијансата“.  Драгоне истакна и дека пред НАТО стојат и бројни правни прашања и прашања на надлежност кои треба да се решат, за да се изврши нешто такво.

- Advertisement -
Ad image

Тој рече дека офанзивните сајбер одговори би биле наједноставната опција, со оглед на тоа што многу земји-членки поседуваат такви капацитети, но одмаздата за физичка саботажа или упади со беспилотни летала би била значително посложена.

– „Превентивниот напад“ би можел да се класифицира како одбранбена акција под одредени околности. Да се ​​биде поагресивен во споредба со агресивноста на нашиот противник може да биде опција. Прашањата се правната рамка, јурисдикцијата, кој ќе го спроведе тоа – рече адмиралот на НАТО.

Драгоне укажа дека НАТО и неговите членки имаат „далеку повеќе ограничувања“ отколку Русија, поради законите и етичките обврски, што го комплицира одговорот на Алијансата, но, подвлече дека клучната цел е спречување на идна агресија.

– Како да се постигне одвраќање, со одмазда или со превентивен удар, е нешто што мора детално да го анализираме – заклучи тој.

Европа во последните години е погодена од бројни инциденти на хибридно војување, од пресекување на подводни кабли во Балтичкото Море до кибер напади низ целиот континент. Одредени членки, особено од Источна Европа, го повикаа НАТО да престане да се сведува на одбранбена реакција и да премине на возвратни мерки, особено во кибер доменот каде многу земји поседуваат офанзивни капацитети.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation