Background

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, за засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, за засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот, информира Народна банка.

Славески во рамки на престојот го посети и трезорот на Банката на Англија каде што се чуваат македонските златни резерви. 

„Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал“, соопшти Народна банка.

- Advertisement -
Ad image

Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли, со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден.

На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Славески уште при назначувањето за гувернер на Народна Банка најави дека ќе направи увид на златните резерви кои се чуваат во Банката на Англија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation