Измамник успеал да извлече 500 илјади фунти од жена убедена дека е во врска со актерот од Конан и Аквамен

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британска вдовица изгубила 500.000 фунти кога била измамена да поверува дека е во романтична врска со актерот Џејсон Момоа. Жената следела фан-страница на актерот од „Аквамен“ по смртта на нејзиниот сопруг со кој била во брак 50 години.

Била запрепастена кога добила одговор од ѕвездата, проследен со видеа генерирани од вештачка интелигенција, а потоа и барање за пари.

Нејзиниот додворувач тврдел дека неговото богатство е вложено во филмски проекти, но ветил дека ќе ги искористи парите за да го изгради нивниот дом од соништата во неговото родно Хаваи, пишува The Sun.

Жената префрлила 500.000 фунти од продажбата на нејзината куќа во Кембриџшир.

Но, контактот престанал и нејзиниот додворувач, како и парите, исчезнале.

Во Велика Британија и САД во текот на изминатите пет месеци се идентификувани и други жртви.

Полицијата во Кембриџшир соопшти: „Ова можеби звучи неверојатно, но тоа е вистинска приказна и остави ранлива жена без дом“.

Друга жена од Њукасл, исто така била измамена да верува дека влегува во романтична врска преку интернет со Момоа и изгубила 80.000 фунти.

Жената рекла дека била доведена во контакт со луѓе кои тврделе дека се негови адвокати или банкарски менаџери.
Таа испратила пари за ѕвездата да може да резервира летови, но додала: „Потоа биле подароци за неговата ќерка.

- Advertisement -
Ad image

– Разговарав со личност за која мислев дека е негова ќерка, која полни 15 години.
Исто така ми беше кажано дека се бори со својата поранешна сопруга за куќата и дека ни треба венчален лист за да ја задржиме куќата. Па бев наивна и платив.

Дејв Јорк, службеник за спречување на измами, додава: – Измамниците ги таргетираат оние кои се најдолу и се обидуваат да ја пополнат празнината во нивните животи.

Share This Article