Background

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Фирмата „Дигитал оне“ со само двајца работници има добиено тендери од скоро девет милиони евра

Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, крадењето мора да запре! Денес го отвораме првиот од серијата скандали за криминалот на Владата на Христијан Мицкоски. Фирмата „Дигитал оне“, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите овие тендери се со владини и државни институции во период од мај 2025 до денес ноември 2025. Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно, изјави Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

– Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. Од шест државни тендери, дури четири се со Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. И тоа не било какви тендери туку милионски договори.

- Advertisement -
Ad image

Последниот договор е рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа во вредност од 8 милиони евра. Како е можно за толку кратко време фирма со двајца вработени да добијат речиси 9 милиони евра? Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?

И секако, едно од прашањата е дали Кристијан е во роднински врски со поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димса Арсовски? Повикуваме Јавното обвинителство, Финансиската полиција и ДКСК веднаш да регираат, да отворат истрага. Овој скандал има и други сомнителни аспекти за кои ќе продолжиме да говориме. Ова е истиот криминален систем, истата криминална шема на Никола Груевски кој 11 години ја ограбуваше Македонија и 2 милијарди евра се испумпаа од граѓаните, за што целата јавност слушна во бомбите. Мицкоски е само негов ученик и извршител. Предпредуваме, инситуциите да делуваат и да преземат мерки согласно законот, одговорност мора да има ќе има, кога тогаш! За сите! Крадењето мора да престане, веднаш, рече Димитријевиќ.Можно е да е слика од текстМожно е да е слика од одрезок од билет и текст кој вели „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЗА Друштво ДИГИТАЛ услуги ДООЕЛ на KOMnjyTepcka опрема дОГОворни Министерство администрацила, седиште на бул. Методи)" Ckonje, застапувано министерот авна администрациа, Горан Минчев, Договорен орган Друштво за трговита доОЕЛ Франо Клуз 3/2-5 Ckonje, Р.С.Македонита, застапувано седиште ул. од управителот Криститан ЕМБС: 7793758 4080024625247 понатамошниот текст: Носител набавката. ПРЕДМЕТ Член OBOj Договор набавка набавката BO Предмет реализирана Носителот согласно условите тендерската Составен спецификацита компутерска опрема согласно 15166/2025. предметот набавката, бараната Техничката спецификацита, Носителот набавката. од OBOj Договор Тендерската документацила, Техничката набавката, ВРЕМЕТРАЕНЬЕ НА дОГоворот РОКОВИ Договорот ке биде времетраене Од склучен датумот на потпишуване двете АкТИВНОСТИ месеци истиот страни. смета“Можно е да е слика од одрезок од билет и текстМожно е да е слика од текстМожно е да е слика од текст

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation