Објавена сезонската прогноза за претстојната зима

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Зимата 2025/2026 се очекува дека ќе биде со малку повисока температура на воздухот од просечната температура и со количини на врнежи кои се во рамките на многугодишниот просек. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја објави сезонската прогноза за претстојната зима, подготвена врз основа на прогностички материјали од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.

Истражувањата за климатските изгледи за зимата, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и на телеконекции на климатските карактеристики од поголеми размери.

Според УХМР, моделите покажуваат значителна неизвесност за поголемиот дел од Европа, но сепак најголемата веројатност (50-60% ) е за развој на позитивни геопотенцијални аномалии над југоисточна Европа.

Набљудуваните температури на морската површина и прогнозите за следните 3 месеци покажуваат повисока веројатност за појава на Ла Ниња услови, со слаб интензитет.

Се очекува зимата 2025/2026 година да биде динамична, карактеризирана со значителни месечни промени кои ќе се одвиваат во три различни фази: ладен почеток, умерен среден период на сезоната и постуден крај.

Најголемото позитивно отстапување на месечните вредности се очекува во јануари.

Сезонскиот изглед за температурите на воздухот со поголема веројатност покажува натпросечни вредности на целата територија, а најголемото отстапување се очекува да биде во северниот дел.

„Во однос на врнежите за оваа сезона, моделите не даваат прецизен сигнал. Просечно врнежлива зима со негативно отстапување во западните делови е најверојатното сценарио за оваа зима. Не се очекува врнежите во декември да го достигнат просекот, но почетокот на 2026 година треба да биде повлажен, со врнежи над просекот во источниот дел“, соопшти УХМР.

Оттаму посочуваат дека повеќегодишната просечна температура за зимата (декември-јануари-февруари) се движи од -1,5 стешен измерена на метеоролошката станица во Маврово до 5 степени измерена во Гевгелија. Просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри измерени во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

- Advertisement -
Ad image

Просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје е 2 степени, а просечната количина на врнежи 110 милиметри.

Share This Article