Полицијата поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44), двајцата од Охрид, поради сомнение за „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик.
Како што информираат од полицијата, на 19 октомври 2025 година, за време на локалните избори, двајцата се затекнати со пари и список со лични податоци и адреси на лица со право на глас. Тие се движеле од куќа до куќа и нуделе парични средства на избирачите со намера да влијаат на гласањето во корист на кандидатот за градоначалник од една политичка партија.
– Оваа акција е дел од нашата постојана контрола за откривање и спречување на изборни нерегуларности – изјавија од СВР Охрид.
Истрагата продолжува, а полицијата апелира до граѓаните да пријавуваат секој обид за нелегално влијание врз нивното право на глас.
Tagged as:
Двајца охриѓани купувале гласови на локалните избори
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
