Background

Тутунската индустрија повторно со највисок раст

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2,8 % во однос на октомври 2024 година, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Податоците на ДЗС покажуваат дека за растот на индустриското производство биле заслужни секторот енергетика каде што е забележан раст од 26,5% и преработувачката индустрија  со раст од о,4%. Во секторот „рударство и вадење на камен“ во октомври годинава споредено со ланскиот октомври производството е намалено за 0,2 %.

И во овој месец како и во претходниот најголем раст на индустриското производство бележи тутунската индустрија од 175%. Во септември оваа индустрија имаше раст на производството од 184,1%.

- Advertisement -
Ad image

Зголемување на производството во октомври на годишно ниво е забележано во одделите: производство на прехранбени производи од 0,7%, производство на пијалаци од 11,8%, производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (16,3%), производство на производи од гума и производи од пластични маси (77,5%), производство на електрична опрема со раст од 12%, како и во одделот преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал со раст од 25,9%…

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 17,6%.

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2,4%.

1. Индекси на индустриското производствооктомври 2025 (2024=100)
X 2025
X 2024
I-X 2025
I-X 2024
X 2025
Ø 2024
X 2025
Ø 2021
Вкупно 102.8 102.4 113.7 110.0
АЕ Енергија 125.9 94.0 105.1 100.9
АИ Интермедијарни производи, освен енергија 110.5 112.7 125.5 108.9
ББ Капитални производи 90.8 97.4 105.4 120.8
ЦД Трајни производи за широка потрошувачка 82.4 97.5 94.5 109.3
ЦН Нетрајни производи за широка потрошувачка 101.3 99.2 114.2 110.2
Б Рударство и вадење на камен 99.8 100.5 104.6 96.8
      05 Вадење на јаглен и лигнит 124.1 102.6 95.3 66.5
      07 Вадење на руди на метал 93.4 94.7 96.6 95.0
      08 Вадење на други руди и камен 105.8 107.9 119.3 109.2
В Преработувачка индустрија 100.4 103.3 115.2 112.3
      10 Производство на прехранбени производи 100.7 100.4 140.8 131.8
      11 Производство на пијалаци 111.8 99.2 94.0 96.0
      12 Производство на тутунски производи 275.8 148.2 133.9 52.6
      13 Производство на текстил 97.3 96.7 103.8 112.8
      14 Производство на облека 96.1 99.7 94.6 72.1
      15 Производство на кожа и слични производи од кожа 114.1 119.9 132.5 90.7
      16 Преработка на дрво и производи од
дрво и плута, освен мебел, производство
на предмети од слама и плетарски
материјал
125.9 116.9 261.4 282.7
      17 Производство на хартија и производи од
хартија
96.2 99.2 101.3 86.0
      18 Печатење и продукција на снимени
медиуми (записи)
117.9 104.2 103.3 100.7
      20 Производство на хемикалии и хемиски
производи
71.0 102.6 93.0 90.5
      21 Производство на основни фармацевтски
производи и фармацевтски препарати
116.3 98.1 128.7 184.2
      22 Производство на производи од гума и
производи од пластични маси
177.5 180.5 195.3 169.3
      23 Производство на други неметални
минерални производи
98.3 113.3 115.8 119.0
      24 Производство на метали 85.8 93.1 92.3 58.3
      25 Производство на фабрикувани метални
производи, освен машини и опрема
92.3 73.6 94.9 62.0
      26 Производство на компјутерски,
електронски и оптички производи
120.7 98.0 129.1 83.3
      27 Производство на електрична опрема 112.0 112.0 125.3 133.1
      28 Производство на машини и уреди,
неспомeнати на друго место
84.4 90.3 91.6 100.0
      29 Производство на моторни возила,
приколки и полуприколки
93.2 103.9 113.1 135.6
      30 Производство на останата опрема за
транспорт
80.2 105.5 96.5 112.3
      31 Производство на мебел 80.4 108.9 93.0 101.2
      32 Останата производствена индустрија 46.5 48.9 50.7 71.3
      33 Поправка и инсталирање на машини и опрема 70.9 84.3 91.6 190.0
Г Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
126.5 92.8 106.2 107.6
      35 Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација
126.5 92.8 106.2 107.6

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation