Компанија Project 3 Mobility (P3M) на Мате Римац произвела повеќе од 60 прототипови на роботски такси, колку што биле планирани до крајот на декември.
Мате Римац тоа го потврди и со видео објавено на Фејсбук.
-До 12-ти во месецот, требаше да покажеме 60 прототипови на роботски такси. И еве ги, сите се тука, и уште неколку – вели тој во видеото.
Станува збор за возила во различни фази на развој и за различни видови тестирање: од тестови за безбедност и судир до тестови во аеродинамичен тунел, удобност, вибрации, долговечност и тестови за потрошувачка.
Римац тврди дека автономното возење веќе ја надминува безбедноста на човечки возач, но нагласува дека несреќите, иако ретки, сепак се можни.
-Затоа е потребно овие автомобили да се тестираат на тестови за судир. Некои веќе поминале низ тоа. Сакаме ако се случи несреќа – што веруваме дека е многу малку веројатно – да не се случи сериозна повреда. За да можат корисниците да бидат целосно безбедни и опуштени – вели тој.
Тој сподели и информација дека приватните инвеститори инвестираа 104 милиони евра во роботски такси. Заедно со тие 104 милиони, тие инвестираа дополнителни милијарда евра во целата групација Римац.
-Затоа, помалку од 10% од вкупните инвестиции доаѓаат од јавни средства – рече тој.
Тој нагласи дека имплементацијата на роботски такси, не само во Загреб, туку и во други градови во Европа и светот, ќе бара дополнителни инвестиции, кои, тврди тој, ќе доаѓаат исклучиво од приватниот сектор.
Во видеото, Римац истакна дека разбира зошто дел од јавноста се сомнева во можноста за развој на таков проект во Хрватска, но верува дека досегашните резултати се доказ за спротивното.




























