Background

Издадено е жолто ниво на предупредување од поплави за дел од територијата на Македонија што значи дека постои потенцијална опасност од излевање на реките

Издадено е жолто ниво на предупредување од поплави за дел од територијата на Македонија што значи дека постои потенцијална опасност од излевање на реките, алармира Управата за хидрометеоролошки работи.

„Во текот на ноќта имаше значително зголемување на водостоите во југоисточниот, источниот и североисточниот дел од земјата. Висок водостој моментално има во сливот на река Брегалница вклучително и нејзините притоки, во сливот на Крива и на Пчиња, како и во сливот на река Струмица заедно со притоките и суводолиците во рамки на нивните сливови. Во текот на денешниот ден се очекува да останат високи водостоите во посочените сливови, а на поединечни места можно е да има локални излевања или заезерувања на водата“, соопшти УХМР.

Исто така, висок е водостојот и на реката Вардар во горниот дел од течението.

- Advertisement -
Ad image

„Во западниот дел од земјата се очекува помал прираст на водостоите поради студеното време во тој регион и поради тоа што на планините врнежите ќе бидат во вид на снег. Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во земјата пред сè на оние во југоисточните, источните и североисточните делови на земјата“, алармира УХМР.

За денеска УХМР издаде портокалов метеоаларм за обилни врнежи од дожд во источните делови од Македонија, каде се очекува да наврне над над 35 литри на квадратеен метар.

На повисоките места ќе врне снег.

Фото: УХМР

Алармите за предупредување на населението од временски непогоди се издаваат во жолта, портокалова и во црвена боја и се дел од системот за метеопредупредувања во Европа. Жолт аларм значи умерена опасност од временските прилики, со можност за умерени последици по околината, портокалов значи дека опасноста е голема, а црвениот аларм предупредува за екстремна опасност, со можност за катастрофални последици по луѓето, нивните имоти и по околината.

Алармите се издаваат за различни временски прилики и појави: за ветер, дожд, горештина, студ, снег, мраз, грмотевици, крајбрежни настани, шумски пожари, лавини, поплави, порои, опасности на море и за суша.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation