– Се чувствувам навистина добро на 100 години. Понекогаш имам повеќе енергија од другите, но никогаш не се будам лошо расположен – вели Дик Ван Дајк во интервју за People.
Исто така, тој призна дека неговиот слух станува послаб и дека не е целосно стабилен кога се движи низ својот дом.
Неговиот 100-ти роденден ќе биде одбележан на 13 декември,
Во својата нова книга „100 правила за живеење до 100 години“, тој ги споделува подемите и падовите во својот живот, но и фактот дека не се плаши од смртта.
Со приближувањето на неговиот роденден, тој нагласува дека останува вечен оптимист.
– Често ме прашуваат што сум направил правилно. Искрено не знам. Секогаш мислев дека лутината е нешто што ја разјадува внатрешноста на човекот. Никогаш не сум можел да развијам чувство на омраза. Мислам дека тоа е едно од главните нешта што ме одржале. Имало работи што не ми се допаѓале, луѓе што не ги сакам и не ги одобрувам. Но, никогаш не сум можел да изразам некаков вид жешка омраза. Мојот татко постојано беше вознемирен за работите во неговиот живот и тоа го однесе само до 73 години – вели Ван Дајк.
Понатаму нагласува дека не се плаши од смртта затоа што имал исполнет и возбудлив живот. Тој изрази посебна благодарност до Арлин, со која се ожени во 2012 година, која е 46 години помлада од него.
– Таа е одговорна за тоа што ме одржува во моментот. Ме одржуваше среќен секој ден од мојот живот, таа е радост. Јас сум едноставно среќен. Луѓето се раѓаат со одредена перспектива, посветла перспектива – рече тој.




























