Background

Двајца припадници на американската Национална гарда се во критична состојба откако вчера беа застрелани близу Белата куќа во Вашингтон

Двајца припадници на американската Национална гарда се во критична состојба откако вчера беа застрелани близу Белата куќа во Вашингтон. Полицијата кажа дека пукал еден напаѓач, кој потоа бил совладан од други членови на Националната гарда.

Министерството за внатрешна безбедност го идентификуваше напаѓачот како Рахманулах Лакамал, опишувајќи го како криминалец од Авганистан. Неговиот имигрантски статус не е познат.

Застреланите гардисти биле во патрола две улици подалеку од Белата куќа кога биле застрелани, соопшти директорот на ФБИ, Каш Пател, додавајќи дека биле начекани во заседа. Властите рекоа дека напаѓачот бил застрелан четирипати од други гардисти кои биле во близина и дека не соработувал со истражителите.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во тој момент бил во Флорида, го нарече пукањето терористички напад. Тој рече дека напаѓачот е авганистански државјанин кој влегол во САД во септември 2021. Набргу потоа, САД ја суспендираа обработката на сите барања за имиграција на авганистанските државјани.

Десетици илјади Авганистанци влегоа во САД според специјална имигрантска заштита по хаотичното повлекување на Американците од земјата во 2021.

– Сега мора повторно да ги испитаме сите странци кои влегле во нашата земја од Авганистан во времето на Џо Бајден. Животното што ги застрела двајцата припадници на Националната гарда ќе плати многу висока цена – изјави Трамп и нареди распоредување на уште 500 гардисти во Вашингтон.

Нападот се случил околу 14:15 часот, во близина на метро-станицата Farragut West, само неколку блокови од Белата куќа. Според полицијата, напаѓачот се појавил зад аголот, подигнал оружје и од заседа пукал кон припадниците на гардата.
Командантот Џефри Керол од полицијата во Вашингтон изјави дека други припадници на гардата веднаш реагирале.

– Ги слушнале пукотниците, го совладале осомничениот и го држеле на земја откако бил погоден – рече шефот на полицијата.
Припадниците на Националната гарда се во тешка здравствена состојба и се борат за живот, а и напаѓачот е ранет и хоспитализиран во критична состојба.
Белата куќа накратко беше блокирана како мерка на претпазливост, но мерката беше укината околу 17 часот, вечерта по американскоо време.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation