Два дена горат облакодерите во Хонг Конг

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бројот на загинати во катастрофалниот пожар што избувна вчера во станбен комплекс Wang Fuk Court во Хонг Конг се искачи на најмалку 55, според градската противпожарна служба, објави Си-Ен-Ен.

Најмалку 123 лица се повредени во пожарот, меѓу кои 8 пожарникари.

Меѓу загинатите, 51 лице загина на самото место, додека четворица починаа во болница, соопштија официјални лица.

Како исчезнати се водат исчезнати 279 луѓе. Околу 900 жители се во привремени засолништа.

Пожарот е најлошиот во Хонг Конг од Втората светска војна.

 

Властите започнаа кривична истрага, а полицијата уапси тројца работници од градежната компанија – двајца директори и еден консултант – под сомнение за убиство од небрежност, со обвиненија за тешка небрежност. Во времето на пожарот, комплексот бил опкружен со бамбусови скелиња и со заштитни мрежи поради реновирања.

Пожарникарите уште се борат со пламенот во најмалку три од седумте згради, а градските власти предупредуваат на можноста од уривање на зградите.

Пожарот избувнал во населеното предградие Таи По, кое се наоѓа на околу 18 километри од главниот остров Хонг Конг. Областа е позната по големи станбени блокови и популарни места за пикник.

- Advertisement -
Ad image

Првичните наоди укажуваат дека пожарот можеби бил забрзан од лесно запаливи полистиренски плочи што ги блокирале прозорците на неколку станови. Има сомневања за непрофесионална работа и за непочитување на безбедносните стандарди.

Директорот на Противпожарната служба, Енди Џеунг, изјави дека во неколку станови имало полистирен, заштитни мрежи, церади и пластични облоги што „не биле во согласност со прописите“.

Зградите биле целосно обложени со бамбусови скелиња, традиционална техника што датира од пред векови. Иако техниката е флексибилна и широко се користи во Хонг Конг, бамбусот и во минатото бил поврзан со пожари. Владата претходно најави премин кон метални скелиња за дел од јавните проекти, што предизвика поделени реакции во јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Комплексот има голем број постари жители, поради што се стравува дека бројот на жртви би можел драматично да се зголеми. Многу граѓани сè уште ги бараат своите најблиски.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изрази сочувство за погодените семејства и одобри два милиони јуани за итна помош.

Голем број странски земји испратија сочувство.

Главниот извршен директор на Хонг Конг, Џон Ли, објави дека сите станбени блокови во градот кои се подложени на големи реновирања ќе бидат проверени за безбедноста на скелињата и градежните материјали.

Хонг Конг има 7,5 милиони жители и една од најгустите концентрации на едносемејни куќи и високи згради во светот.

Share This Article