Background

Бугарија, Романија, Полска и другите ќе мора да ги признаат таквите бракови на нивните жители

Земјите членки на Европската Унија се должни да го признаат секој истополов брак законски склучен на територијата на Унијата, пресуди Судот на правдата на ЕУ. Судот нагласи дека оваа одлука не ги обврзува земјите членки да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства.

Судот со седиште во Луксембург ја донесе ваквата одлуката по жалба на двајца полски државјани, кои живееле во Германија и се венчале во Берлин во 2018 година, но, по преселувањето во Полска, државата одбила да го признае нивниот брак, повикувајќи се на националното законодавство кое не познава истополови бракови. Тие се жалеле до Врховниот административен суд на Полска, кој ја одбил жалбата и ги упатил на Судот на правдата на Европската Унија.

Европскиот суд оцени дека одлуката на Полска е во спротивност на правото на ЕУ, бидејќи „ги крши слободата на движење и правото на почитување на приватниот и семејниот живот“.

- Advertisement -
Ad image

Според Судот, кога истополова двојка е законски венчана во една земја членка, секоја друга држава од ЕУ во која двојката ќе се пресели или ќе живее мора да го признае тој брак.

„Од земјите членки се бара да го признаат брачниот статус законски стекнат во друга земја членка, со цел остварување на правата утврдени со правото на ЕУ“, се наведува во одлуката на Судот.

Во одлуката се додава дека земјите членки „имаат дискрециско право да ги изберат постапките за признавање на таквиот брак“, како и дека таа не ги обврзува да ги вклучат истополовите бракови во нивните национални законодавства.

Од земјите во ЕУ, истополови бракови не се дозволени во Бугарија, Романија, Полска, Словачка и во Литванија. Не брак, но законски форми на партнерство постојат во Хрватска, Кипар, Чешка, Унгарија и во Латвија.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation