Какаото деновиве се тргува за околу 4.900 долари за тон, што е најниско ниво од јануари 2024 година. На ова првенствено влијаеше подобрувањето на понудата од Западна Африка, што поттикнува очекување за поголем глобален суфицит, објави „Trading Economics“.
За намалувањето на цената на какаото, се наведува, придонесува тоа што се зголеми понудата од страна на земјоделците во земјите најголеми производители на оваа култура како и случувањата на пазарот.
Резервите од какао се полнат на пристаништата на Брегот на Слоновата Коска, водечкиот светски производител. Товарите во африканската земја надминаа 100.000 тони три недели по ред, приближувајќи ги залихите до нивото од минатата година.
Покрај тоа, и поволното време со лесни дождови влијаеше на здравиот развој на земјоделските култури и забрзаната жетва.
Трендот на раст на испораките го зголемува нивото на залихи што остануваат од претходната просечна жетва, поттикнато од повисоките цени за земјоделците.
На сето ова влијаеше и тоа што Европската Унија ги одложи новите правила за шумите и ннивното уништување.
Дополнително, позитивниот развој на ситуацијата предизвика и тоа што на 14 ноември, американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба со која какаото, кафето, тропското овошје, јаткастите плодови и неколку други земјоделски производи се ослободени од реципрочни царини.



























