Европа и Австралија договорија заеднички ископ, ќе се вклучи ли Македонија во светската трка?

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот претседател Владимир Путин му наложи на неговиот кабинет до први декември да изготви патоказ за ископ на ретки земни минерали. Ова стои во списокот на задачи за министрите објавен на веб-страницата на Кремљ, откако ретките минерали – што се користат во паметните телефони, електричните возила и одбраната – добија витално стратешко значење во меѓународната трговија.

Русија претходно беше заинтересирана и за партнерство со САД на проекти за ретки метали, но надежите пропаднаа по неуспешните обиди за завршување на војната во Украина. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп, покрај ретките минерали, неодамна повторно ја дополни листата на критични минерали и овозможи забрзано издавање дозволи за отворање рудници ширум САД.

Поради зависноста од увоз од Кина,Трамп претходно потпиша договор и со австралиските власти за снабдување со критични метали, како што сега се и литиумот, бакарот, никелот и други. Според договорот тежок 8,5 милијарди евра, и САД и Австралија ќе инвестираат по една милијарда долари во текот на следните шест месеци во проекти за рударство и преработка што ќе бидат веднаш достапни. Средствата ќе бидат насочени кон проекти поделени во три категории: заеднички инвестиции меѓу двете земји, индивидуални проекти во Австралија и трилатерални иницијативи што ќе ја вклучуваат и Јапонија.

Веднаш по Трамп, ваквиот пример одлучи да го следи и Европската Унија. Европската инвестициска банка и австралиската влада во заедничко соопштение истакнаа дека ќе ја продлабочат соработката за критичните суровини. Според пишувањата на Ројтерс, западните сили се обидуваат да ја намалат својата зависност од Кина, а европски претставници и извори од индустријата велат дека финансирањето останува клучна пречка во напорите на Унијата да ги обезбеди своите синџири на снабдување со стратешки минерали. Поради тоа, Европската комисија ќе претстави широк пакет мерки за економска безбедност на 3 декември.

„Оваа декларација е првиот чекор кон овозможување на ЕИБ да го поддржи финансирањето на проекти за критични минерали во Австралија. Декларацијата ја унапредува постојната соработка меѓу Австралија и ЕУ низ целиот синџир на критични суровини – од истражување и екстракција до преработка, рециклирање и иновации“, пишува во соопштението на ЕУ и Австралија.

Во меѓувреме полека се приближува крајот на конкурсот за нови рудници на европско тло, откако Унијата претходно во првиот повик поддржа 47 проекти за ископ на најразлични руди по забрзана процедура. Наскоро со сопствена стратегија се очекува да настапи и официјален Лондон. Освен ЕУ, во трката по руди неодамна се приклучи и Турција, која идентификувала 694 милиони тони на ретки земни елементи. Покрај во Турција, големи проекти има во повеќе балкански држави, како што се Грција, Бугарија, Србија, како и во Романија која целосно се усогласи со Директивата на ЕУ за барање на критични минерални суровини и наскоро ќе го отвори најголемиот рудник за бакар на Балканот – „Долина Ровина“.

Македонските експерти, преку нацрт Стратегијата за минерални суровини веќе укажаа земјата да се придржува до европската политики за критичните минерални суровини. Пред само еден месец, на средба во Лондон со претставници на британски рударски компании, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нагласи дека Владата е посветена на тоа Македонија да биде партнер на сериозни и одговорни компании, кои работат според европски стандарди.

– Нашата визија е јасна – да ја изградиме Македонија како регионален пример за балансиран развој на енергетиката и рударството, каде што економскиот раст оди рака под рака со заштитата на животната средина и благосостојбата на заедниците – додаде министерката Божиновска.

Од критичните минерали по кои трагаат Европа и светот, познато е дека Македонија лежи на огромно количество на бакар, а има и антимон, никел и други минерали. Можност за отворање рудници кои би работеле по сите европски безбедносни стандарди и со употреба на нови технологии се очекува да се отвори по усвојувањето на новата законска регулатива во областа, односно со законите за рударство и за геологија.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article