Првиот меѓународен избор за убавина се одржал во Лондон во 1951 година!
Победничката, Швеѓанката Керстин Кики Хакансон станала првата Мис на светот и единствената што некогаш била крунисана во бикини, што предизвикало бура од реакции, па дури и осуда од папата Пије XII.
Поради овој скандал, бикините биле забранети следната година, а натпреварот почнал да го менува својот формат според поконзервативни правила.
За разлика од критериумите од тоа време, кои се фокусирале речиси исклучиво на физичкиот изглед, денешните избори ја нагласуваат личноста, хуманитарната работа и општественото влијание на кандидатките.
Хакансон подоцна ја напуштила јавната сцена и се преселила во Соединетите Држави кадешто живеела мирен семеен живот, оставајќи трајно историско наследство како прва Мис на светот.
Првата Мис на светот, Кики Хакансон починала мирно и во сон, на 4 ноември 2024 година во својот дом во Калифорнија. Имаше 95 години.



























