Обвинителството работи на два предмета поврзани со спорните легализации во Општина Чаир, кои, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, најверојатно ќе бидат споени затоа што се меѓусебно поврзани и содржат доволно докази за понатамошно постапување

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинителството работи на два предмета поврзани со спорните легализации во Општина Чаир, кои, според државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, најверојатно ќе бидат споени затоа што се меѓусебно поврзани и содржат доволно докази за понатамошно постапување.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Коцевски посочи дека истрагите продолжуваат и дека обвинителството никогаш немало намера да ги затвори случаите без одговорност.

– Тие два предмета најверојатно ќе се спојат или се споени, затоа што се и меѓусебно поврзани, има доволно докази, ќе видиме натаму како ќе се одвива. Значи, се водат два предмети во моментов, беа заведени два предмети – рече Коцевски.

Тој објасни дека едниот предмет се води по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а другиот произлегува од пријавата на поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, поднесена во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Коцевски не откри дали се потврдени фалсификати, но нагласи дека се собираат докази сè до моментот на донесување јавнообвинителска одлука.

Share This Article