По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“, по минатонеделниот пожар, во кој изгоре зградата, градежните инженери спрпорачуваат тој да се урне

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По проверката и мерењето на конструктивната состојба на облакодерот на „Вјесник“, по минатонеделниот пожар, во кој изгоре зградата, градежните инженери спрпорачуваат тој да се урне, пренесоа хрватските медиуми.

– Потребно е да се продолжи со отстранување на облакодерот поради ризикот од уривање. Треба да се изготви проект за уривање, по што ќе започне процесот на јавна набавка, а потоа и уривањето – рече министерот за просторно планирање, градежништво и државен имот Бранко Бачиќ.

Министерот рече дека извештајот е исцрпен, дека сите сакаат да ѝ дадат шанса на зградата на „Вјесник“, но дека заклучоците на експертите говорат во прилог на нејзино отстранување.

– Облакодерот треба да се отстрани итно и што е можно побрзо. Сите мерења и сите инспекции укажуваат дека има сериозни штети. Има обемни физички оштетувања на столбовите, а источниот дел од облакодерот е исто така многу оштетен. Голата структура сега е подложена на дожд и снег, а сето ова може да влијае на ширењето на бетонот. Колку подолго стои таквата структура, толку е поголем ризикот од спонатно уривање на облакодерот – рече градежниот инженер Марио Урош.

Share This Article