Српскиот претседател ќе ги тужи медиумите што „шират лажни вести“

Lorita
By Lorita
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше обвинувањата против него дека пукал со снајпер во цивили во опколеното Сараево за време на војната во Бисна и Херцеговина, велејќи дека невистините и бесмислените работи секогаш излегуваат на виделина во критичен момент за Србија и дека никогаш не слушнал за „сараевско сафари“.

– Тие поднесоа формално обвинение против мене дека сум извршил геноцид во Босна и Херцеговина. Нивното обвинителство ги отфрли таквите кривични пријави. Потоа зборуваа за Сребреница, дека сум бил таму некаде, се повикуваа на текстовите на Милован Бркиќ. Интересно е што секогаш излегуваат со такви лаги, сосема бесмислени работи, во критичен и тежок момент за Србија. Но тоа не е важно. Немав пушка, дури и кога дојдов и прашав дали можам да бидам со вас, ми рекоа „момче, врати се, ни треба новинар, кој знае англиски“. Толку е без врска приказната и сите го знаат тоа, имам снимки, сведоци и за она што велат дека имам пушка, тоа е статив од камера, му ја носев на снимателот. Мислеа дека кога ќе се случи нешто такво, ќе прикривам итн., не ме познаваат – рече Вучиќ.

Тој додаде дека никогаш не се тргнал од ниту една тема.

Вучиќ најави дека ќе ги најми најдобрите адвокати и ќе ги тужи одредени светски медиуми кои шират лажни вести дека учествувал во аферата „Сараевското сафари“, а парите што ќе ги добие ќе ги даде за хуманитарни цели, како и на црквата со цел да се обнови манастир во Србија.

Хрватскиот новинар Домагој Маргетиќ, во средата, на обвинителите во Милано, Италија, им достави кривична пријава против српскиот претседател, Александар Вучиќ, за негова наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, за снајперисти од Италија и од други земји кои ѝ плаќале на српската војска за да убиваат цивили за забава.

Во пријавата, тој наведува дека во текот на војната во 1992 и во 1993 година Вучиќ бил „илегален воен доброволец во Сараево, член на паравоен одред, под контрола на Српската радикална партија, во единица командувана од Славко Алексиќ“. Според Маргетиќ, таа единица била стационирана на Еврејските гробишта во Сараево, кои биле снајперска позиција на српските сили. Во пријавата се наведува дека податоците дека Вучиќ бил дел од единицата на Алексиќ и дека бил стациониран на Еврејските гробишта, во сведочење пред Хашкиот суд ги потврдил и неговиот политички сојузник, Воислав Шешељ. Има потврда од уште едно лице, кое рекло дека „Вучиќ, како студент, дошол во БиХ и бил доброволец“.

Маргетиќ во пријавата упатува и на видеоснимка на која е Вучиќ со снајперска пушка во раката, во близина на Еврејските гробишта во Сараево. Врската со убиствата од забава Маргетиќ ја наоѓа во податокот дека во единицата на Алексиќ имало само неуки луѓе, а странски јазик знаеле само извесен Зак Новак и Александар Вучиќ. Тие, според Маргетиќ, се единствените што можеле да бидат водичи и да комуницираат со странците што доаѓале во Сараево да убиваат луѓе од задоволство. Новинарот наведува и дека министерот за одбрана на Босна и Херцеговина Зукан Хелез говорел дека има дирекни сознанија од тројва поранешни српски офицери дека Вучиќ пикал во цивили во Сараево.

„Постојат сериозни индиции дека Александар Вучиќ лично учествувал во сафарито со луѓе, како и дека учествувал во давањето логистика и помош на странските ловци во ловот на луѓе во воено Сараево, на Еврејските гробишта“, заклучува Маргетиќ во пријавата до обвинителите во Милано.

Обвинителите во Милано минатата недела, почнаа да го истражуваат случајот за да ги идентификуваат Италијанците што наводно се вмешани во скандалот. Доколку се докаже дека убивале луѓе во Сараево од задоволство, ќе бидат осудени за убиство со умисла со отежнувачки околности на суровост и ниски мотиви.

- Advertisement -
Ad image

Според истражителите, групи „снајперски туристи“ наводно учествувале во злосторствата откако платиле големи суми на војници во армијата на Радован Караџиќ, за да ги транспортираат до ридовите околу Сараево и за да им дозволат да пукаат во населението за забава. Во текот на најдолгата опсада во модерната историја, помеѓу 1992 и 1996 година, повеќе од 10.000 луѓе беа убиени во Сараево, од гранати и од снајперски оган.

Истрагата произлезе од кривичната пријава поднесена од Ецио Гавацени, писател од Милано што собра докази за обвинувањата, како и од извештајот испратен до обвинителите од поранешната градоначалничка на Сараево, Бенџамина Кариќ. Гавацени рече дека во групата снајперисти имало „многу, многу Италијанци“, како и „Германци, Французи, Англичани… луѓе од сите западни земји, кои платиле големи суми за да бидат однесени таму и за да пукаат во цивили“. Тој додаде дека тие немале политички или религиозни мотиви, туку биле богати луѓе што оделе таму за забава и лично задоволство.

Share This Article