
Вечерва сум на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следиме состојбата на критичните точки низ нашата општина.
Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници.

Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во ноќните часови работат на терен за санирање на последиците.
Сѐ што е возможно од човечки фактор, механизација и логистика е ставено во функција за заштита на нашите населени места.

Наша обврска е да реагираме брзо, организирано и ефикасно – и тоа го правиме.

Ги молам граѓаните за разбирање и внимателност при движење низ нашата општина. Воедно, голема благодарност до сите работници кои неуморно се вложуваат во овие тешки услови.