Background

Зголемен буџетот за МВР, еве како ќе се троши

Македонија одлучно инвестира во безбедноста и сигурноста на своите граѓани, како и во борбата против криминалот, изјави Александар Јамалов, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија” на денешната прес коференција на која го претстави предлог-буџетот за Министерството за внатрешни работи за 2026 година.

Според Јамалов, целта на овој финансиски план е да се модернизира полицијата и да се подигне оперативната готовност на повисоко ниво, а со тоа да се обезбедат поквалитетни услуги за сите.

– Само во програмата „безбедност“, за идната година предвидени се 16,4 милијарди денари, што претставува зголемување во споредба со овогодинешниот буџет. Додека пак потпрограмата „јавна безбедност“ добива 14,55 милијарди денари, што е драматично зголемување од 17,9%, односно дополнителни 2,2 милијарди денари.

- Advertisement -
Ad image

Повисоки се и средствата предвидени за плати и надоместоци, за што се предвидени 11,3 милијарди денари, односно 3,7% повеќе. За реформи во полицијата се предвидени 1,24 милијарди денари. Центарот за обука добива 75 милиони денари, за континуирано стручно унапредување на кадрите. За борба против тргување со луѓе и илегална миграција се предвидуваат 1.250.000 денари, што е зголемување од 25% – рече пратеникот.

Сепак, според Јамалов, најзначително зголемени вложувања има во опрема, нови возила, современи технолошки системи и модернизирани простории, клучни за поефикасно и модерно функционирање на МВР, а со тоа и зголемен морал и елан кај полициските службеници.

Сите овие зголемувања, според пратеникот Јамалов, упатуваат јасна порака дека државата инвестира во стабилноста и сигурноста со намера дополнително да ги унапреди и професионализира полициските служби, со цел зајакната безбедност, јакнење на владеењето на правото, сигурни граници и современ безбедносен систем.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation