Background

Полска ја обвини Русија за неодамнешниот напад врз стратешки важна железничка линија што се користи за воен транспорт кон Украина

Полска ја обвини Русија за неодамнешниот напад врз стратешки важна железничка линија што се користи за воен транспорт кон Украина, јави ДПА.

Јацек Добжински, портпарол на координаторот на полските специјални служби, денеска изјави дека сите индикации укажуваат на руските разузнавачки агенции како организатори на операцијата.

Добжински овој сомнеж го изнесе пред медиумите по вонредниот состанок на владиниот Комитет за национална безбедност, пренесе германската агенција.

- Advertisement -
Ad image

Во неделата со експлозивна направа беа уништени шините на железничката пруга од Варшава до источниот град Лублин. Штетата беше забележана навреме од машиновозач и беше соопштена на контролниот центар, кој ја затвори пругата.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека експлозијата, во близина на градот Мика, околу 100 километри југоисточно од Варшава, се чини имала за цел да го истурне возот од шините.

Два други делници од истата линија беа исто така оштетени, прецизира ДПА.

„Руските служби сакаат да го дестабилизираат нашето општество, сакаат да шират страв“, рече Добжински, додавајќи дека обвинителите и разузнавачките служби се решени да дојдат до изворот на наводниот заговор.

Полска, членка на НАТО и ЕУ и еден од најблиските политички и воени сојузници на Украина, се плаши од саботажни напади откако Русија го нападна својот источен сосед.

Железничката мрежа се смета за цел, бидејќи многу западни воени испораки за Украина минуваат низ Полска. Засегнатата линија води до пограничното село Дорохуск и понатаму во Украина.

Минатата година, полската Влада го обвини руското разузнавање за големиот пожар во трговски центар во Варшава. Во октомври, осум лица беа уапсени под обвинение за планирање саботажа и шпионажа во име на Москва, потсетува ДПА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation