Гром, стара инсталација и многу непознаници во запуштениот Облакодер „Вјесник“

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Облакодерот „Вјесник“ на Славонска авенија во Загреб ноќта меѓу неделата и понеделникот се претвори во оган и чад. Пламенот почнал од горните катови, но пожарникарите кои се качиле на петнаесеттиот кат – сфатиле дека под нив веќе гори втор, посилен пожар. Веста ја потврди командантот на загрепската противпожарна служба, Синиша Јембрих, за Хрватското радио, јави Индекс.

– Ова може да укажува дека имало катастрофална грешка, или дека нешто во инсталациите предизвикало пожар низ целата вертикала на зградата, што е исклучително опасно – изјави Јембрих.

„Слушнав гром, а потоа видов пламен“

Жител на блиската зграда, Илија, раскажал дека прво помислил дека се работи за удар на гром.

– Слушнав дека удри гром, а кога погледнав надвор, видов дека гори. Прво гореше на врвот, а потоа се спушташе кон долните катови. Мислам дека се работи за инсталациите, но којзнае… ќе се сруши – рекол тој.

Пеколот низ дрвени ѕидови

Се чини дека целосното гаснење на огнот во „Вјесник“, симбол на социјалистички Загреб, ќе потрае до крајот на денот, пишоува хрватски „Индекс“. Делови од фасадата паѓаат, а термокамерите покажуваат дека огнот продолжува да се шири во некои делови. На терен се и статичари, кои ќе ја проценат стабилноста на конструкцијата.

– Работев тука речиси триесет години. Облакодерот е дрвен внатре, но многу убав. Тажно е што се случи ова – изјави за Индекс сведокот Крунослав од Загреб.

Оган во вертикала, типичен за дефект на инсталации

Командантот на пожарникарите Јембрих потврдил дека горело на повеќе места истовремено, што, според експертите, е типично за дефект во електрични или вентилациски инсталации. Пожарникарите морале да се повлечат и да гаснат однадвор, иако таквиот пристап е помалку ефикасен.

– Едноставно, би било премногу опасно да се влезе во областа погодена од пожар, особено ако има пламен под вас – објасни Јембрих.

Пожарникари за храватски Индекс изјавија дека внатрешноста на облакодерот е целосно уништена.

Противпожарната служба на Загреб објави слики на социјалните мрежи:

Одговорноста е на државата Хрватска

Хрватската новинарка Иванка Тома за „Јутарни лист“ оцени дека вистинската причина не е само техничка, туку системска.

„Точниот причинител ќе се утврди, но за тоа не се потребни ниту истраги ниту вештаци. Државата, како мнозински сопственик, е одговорна што оваа зграда 20 години е препуштена на забот на времето“, пишува Тома во утринска колумна за весникот.

Пожарот сè уште не е целосно изгаснат. Полицијата соопшти дека облакодерот ќе биде предмет на детална форензичка и статичка анализа. Според првичните процени, можно е да се донесе одлука за целосно рушење на објектот.

Share This Article