Едукативни работилници за циркуларна економија и за декарбонизација

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Зајакнување на капацитетите на сите фактори за одржливо управување со отпад и ефективна примена на кружната економија во насока на поголема декарбонизација, е главна цел на проектот „Циркуларна економија и декарбонизација“ што го реализира ТИТАН Усје во соработка со Стопанската комора.

Во рамките на проектот се реализираат неколку едукативни работилници каде своите практични искуства, постигнати резултати и знаења од областа на управувањето со отпад, кружната економија и декарбонизацијата, ќе ги споделат претставниците на ТИТАН Усје. На едукативните работилници ќе бидат опфатени професионалци и вработени од индустриските и производните сектори, односно во секторот за управување со отпад, вработени во помали производствени компании, вработени во поголеми компании поврзани со градежништвото, како и нововработени во ТИТАН Усје. Обуките се организираат и за студенти и невработени лица, за државни и локални инспектори за животна средина, како и за професионалци и вработени во јавни комунални претпријатија. Во информативно едукативниот процес ќе бидат опфатени околу 200 лица, а обуките ќе се одржат во период од 14 ноември до 2 декември годинава.

ТИТАН Усје е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и примена на принципите на кружната економија. На почетокот на проектот пред присутните се обрати техничкиот директор Гоце Цветкоски.

– Имплементирање и унапредување на најдобрите практики во оваа област е наш врвен приоритет и ние активно работиме на унапредување на системот и зајакнување на ефикасноста. Ни претставува огромно задоволство што имаме можност да го споделиме нашето искуство и знаење за применетите практики со нашите партнери. Како пионери во оваа област имаме и одговорност и обврска да поттикнеме што поголема примена на најдобрите практики во овие области, бидејќи само така можеме да имаме подобри резултати во пошироката заедница. Особено ни е драго што ќе имаме можност да ги споделиме нашите искуства со студентите, со идеја да ги поттикнеме младите да бидат активни учесници во процесите на зелена транзиција – нагласи Цветкоски.

ТИТАН Усје е компанијата која е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на ЦО₂. Годинава компанијатаја доби и највисоката потврда за одржлив систем за унапредување со отпад – Нула отпад на депонија и е прва компанија со Платинуим признание во земјата. Овој систем е базиран на механизми за справување со отпад – рециклирање, компостирање, анаеробна дигестија, реупотреба и термално процесирање.

Share This Article