Во Штип е расчистено свирепо убиство што ја потресе јавноста – 74-годишниот Д.А. од Штип се соочува со кривична пријава за убиство и противправно лишување од слобода.
Според истрагата на СВР Штип и Одделот за криминалистичка полиција, тој ја држел 79-годишната Б.Н. против нејзина волја во својот дом, а потоа ја усмртил со остар предмет и го закопал нејзиното тело во дворот.
Случајот почнал да се одмотува на 24 октомври, кога сестрата на исчезнатата, 84-годишната Д.О., пријавила дека Б.Н. исчезнала од својот дом. Полицијата дошла до сомнеж дека таа можеби е со сила затворена кај Д.А., по што на 10 ноември, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом. Тогаш биле пронајдени повеќе траги од крв и предмети важни за истрагата. Д.А. бил приведен и задржан во притвор 96 часа, во Затворот Куманово.
Подоцна, по добиените форензички резултати, полицијата повторно разговарала со осомничениот. Во исказот тој детално опишал како го извршил убиството. Истражителите го пронашле телото, а по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.
Д.А. е изведен пред судија на претходна постапка и му е одреден 30-дневен притвор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖