Москва никогаш нема да ја заборави поддршката на севернокорејските војници кои откриваат мини во Курск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Работата е опасна и тешка, но нашите корејски пријатели навистина ни помагаат и тоа многу го цениме – додаде тој.
Во видеоматеријал на руското Министерство за одбрана се гледаат војниците како демонстрираат опрема за откривање мини, вежбаат и пеат патриотски песни.
Според воениот весник „Краснаја Звезда“, многу од уредите се со потекло од земјите на НАТО.
– Тие се одлични момци, учат брзо и внимателно, и си запишуваат белешки – рече руски командант.
Според јужнокорејските извори, 6.000 од испратените 14.000 војници на Ким Јонг Ун во Русија загинале.




























