Господине Премиер, Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите, се вели во соопштението од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии, што МИА го објавува интегрално, се вели во писмото од Судски совет, Врховен суд и Здружението на судии до премиерот Христијан Мицкоски.
– Судскиот систем никогаш не генерирал долгови, па оттаму нејасно е каква е поврзаноста на судството со државниот долг од две милијарди евра, кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната власт, во минатото и сега. Сосема спротивно, токму судовите, преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од Буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугите, опремување на судниците и сл.
Со Вашите досегашни коментари го нарушувате демократскиот принцип конципиран на рамноправност на трите власти, судската, законодавната и извршна. Судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат, пишуваат судии во обраќањето до премиерот.
Вчера, Мицкосски рече дека нема намера да прави реформи во правосудниот систем кои се однесувале само на покачување на платите на судиите и обвинителите. Тој рече дури и дека ќе ја дадел неговата плата, ама судиите да суделе правично.



























