Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во бездна длабока околу 200 метри по судир со друго возило.
Несреќата се случила во раните утрински часови на тешка делница од Пан-американскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јави Би-Би-Си.
Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во бездната до брегот на реката Окоња.
Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Здравствените служби му соопштија на RPP дека 25 лица, меѓу кои три малолетни лица, се лекуваат во локална болница. Истрагата е во тек, а возачот на пикапот е уапсен, објави државното обвинителство.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖