Background

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда

На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

- Advertisement -
Ad image

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Жителите на Скопје биле сведоци на уличните борби, кои се воделе на сегашната улица „Илинденска“, кај главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и кај Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од минирање и разурнување, како и повеќе други објекти кои биле од витално значење, а невооружени цивили со својот живот го бранеле Камениот мост од разурнување. Овие настани се врежани во спомените на учесниците во борбите, кои преку сведоштва и книги ја претставуваат радоста на скопјани од ослободувањето.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна, животите ги положиле над 4.600 скопјани. Според проценките на историчарите, во текот на војната во борбите против фашистичките окупатори, како и меѓу цивилното население, во Македонија загинале вкупно 33.000 луѓе, вклучувајќи и повеќе од 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка во Полска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation