Background

Прегазил куче, го погледнал и повторно поминал преку него

Македонски лекар кој работи на Воено-медицинската академија во Софија се соочува со можност за затворска казна до пет години, откако со својот автомобил прегази куче – маалскиот миленик Маја во еден од квартовите на бугарската престолнина.

Инцидентот бил снимен од надзорни камери на улицата Пчиња, а видеото кое кружи на социјалните мрежи предизвика гнев и згрозеност кај јавноста. На снимките се гледа како лекарот со автомобил го гази кучето, потоа излегува од возилото, го гледа тешко повреденото животно под автомобилот, повторно се враќа и заминува, повторно минувајќи преку него.

Соседите, кои со години се грижеле за кучето, велат дека животното било мирно и старо 12 години. По трагичниот настан, тие организираа протест барајќи од властите да се изречат најстроги санкции за сторителот.

- Advertisement -
Ad image

– Како може доктор кој е одговорен за спасување животи да му го одземе животот на едно беспомошно суштество? Шокирана сум – изјави една жителка од соседството за бугарските медиуми.

Во знак на револт, гаражата на човекот што го прегази кучето била обоена со натписот „Убиец“. Според жителите, тој живеел под кирија во зградата, но по инцидентот ја напуштил.

– Намерно го прегази кучето. Можеби мислеше дека ќе се помести, но тоа беше старо, немаше време да реагира – раскажа соседка која живее во истиот блок.

Бугарската полиција работи на случајот, а јавноста бара докторот да биде санкциониран со највисоката можна казна предвидена во законот за суровост кон животни.

Случајот предизвика огромен бран на гнев и доведе до поднесување на тужба според член 325б од Кривичниот законик – за суровост кон животни. Според текстот на законот, „тој што, покажувајќи суровост кон ‘рбетно животно, незаконски ќе предизвика негова смрт, тешка или трајна повреда, ќе се казни со затвор од 1 до 5 години и парична казна од 1.000 до 5.000 лева“.

Сепак, казната може да биде построга – од 2 до 8 години затвор и парична казна од 2.000 до 10.000 лева, ако повредата/смртта е предизвикана „на начин или со средства опасни по животот на луѓето или животните, на особено болен начин за животното или со посебна суровост“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation