Истрагата за полициските службеници, во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, беше предвидено да заврши до крајот на септември годинава, меѓутоа имаше објективни околности околу сослушување на одредени сведоци, со тоа што најверојатно на почетокот на наредниот месец ќе се донесе и јавнообвинителска одлука, изјави републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, прашан до каде се другите истраги и предистраги за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во однос на предистрагата за службениците од УЈП, Коцевски рече дека се води предистражна постапка во ОЈО Кочани и надлежниот јавен обвинител дал одредени напатствија и наредби за преземање на надлежните органи на одредени процесни дејствија.
– Во тој дел не можеме сѐ уште ништо да кажеме повеќе – рече Коцевски.
Судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува следната недела и, како што рече Коцевски, ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот, изразувајќи увереност дека од страна на ЈО нема да има никаков проблем во однос на судењето.
– Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители што беа и досега. Морам да нагласам дека вчера имавме состанок, најверојатно уште неколку обвинители ќе ангажираме имајќи предвид, да не се отежне односно да не се наруши постапката на другите обвинители, што имаат други предмети, што значи дека можеби не секогаш ќе присуствуваат сите обвинители. Меѓутоа секогаш ќе има обвинители за да не се одолговлекува постапката или да не се одлага по, да не речам, вина на Обвинителството – изјави Коцевски, одговарајќи на новинарски прашања пред денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Бројот на обвинители што ќе постапуваат по предметот, како што појасни Коцевски, заедно со дополнително ангажираните можеби ќе биде 15 јавни обвинители.
Tagged as:
15 обвинители ќе го застапуваат обвинението за „Пулс“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖