Медиумите повторно шпекулираат за здравјето на рускиот претседател Владимир Путин, откако на јавен настан беше забележано дека е отечена неговата десна рака. „Њујорк пост“ пренесува дека Путин разговарал со докторка за потенцијалната забана на електронските цигари.
Но, изразените вени на неговата дланка додека се поздравуваше со 22-годишната Јекатерина Лешчинскаја пак ги поттикнаа гласините. Дел од аналитичарите веднаш го поврзале тоа со претходните шпекулации дека Путин боледува од Паркинсонова болест или рак.
Притоа, украинскиот политички советник Антон Герашченко иронично коментирал:
– Освен што му се покриени со крв до лактите, рацете му се и отечени – изјави тој, алудирајќи на руската инвазија врз Украина.
Повеќе украински јавни личности, меѓу кои и новинарот Дмитро Гордон, тврдат дека на видеата се гледа „отечена и болна рака, со вени кои силно се издигнуваат на површината“.
Меѓутоа, ова не е првпат здравјето на Путин да стане тема на јавна расправа. Уште во првата година од инвазијата врз Украина, вниманието на светската јавност го привлече фотографија на која неговите раце изгледаа како да имаат темни точки. Се шпекулираше дека се работи за интравенски терапии.
Подоцна, при јавни настапи и средби, Путин беше забележан и како силно се држи за маса, со треперлива нога, што многумина го протолкуваа како симптом на Паркинсонова болест.
Кремљ никогаш не ги потврдил овие шпекулации, ниту пак дал официјален медицински извештај за состојбата на рускиот лидер.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖