Поранешниот претседател на Белгискиот Национален фронт, Салваторе Никотра, основа нова крајно десничарска франкофонска партија, чија кратенка е TRAMP, именувана по американскиот претседател Доналд Трамп, објавува бриселскиот Politico.
„Доналд Трамп е врвен симбол на популизмот. Тој веднаш го отелотворува она за што се залагаме“, рече Никотра, основач на партијата TRAMP, чие име е кратенка од „Сите обединети за Унијата на популистички движења“ (Tous Reunis pour l’Union des Mouvements Populistes).
Никотра нагласи дека, за разлика од фламанската Vlaams Belang, најголемата крајно десничарска партија во Белгија, новата партија TRAMP нема да се залага за сепаратизам.
Според него, целта на партијата е да учествува на парламентарните избори во Белгија, како и на изборите за Европскиот парламент во 2029 година.
„Ние сме десничарска популистичка партија со социјален призвук“, рече Никотра.
Како што е најавено, основачкото собрание на партијата ќе се одржи на 30 ноември.



























