Три жени, на возраст од 18, 19 и 21 година, се уапсени и обвинети за терористичка завера и за планирање напад во Париз, соопштија денеска француските истражни органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносните терористички напади на 13 ноември 2015 година во Париз во кои загинаа 130 луѓе, а одговорноста ја презеде ИСИС.



























