Најмалку едно лице е убиено синоќа во руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина, објавија украинските власти.
Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Поради ова, во неколку региони беа спроведени итни прекини на електричната енергија“, изјави министерката за енергетика Светлана Гринчук на Фејсбук.
Во градот Днепар, на истокот од земјата, деветкатна зграда беше погодена од напад со беспилотно летало, при што загина една жена, а шест лица беа повредени, објави службата за итни случаи.
Властите во областите Харков и Сума, на североисток, објавија експлозии, додека властите во Одеса, на југ, објавија дека руските напади предизвикале штета на енергетската инфраструктура.



























