Background

Ким Кардашијан им одговори на критичарите

Се чини дека ужасните критики и оценките со нула ѕвездички се вратија како бумеранг, бидејќи новата серија на медиумската и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, „All’s Fair“, сега стана најгледана серија во 28 земји, вклучувајќи ги и САД!

Откако премиерно беше прикажана на 4 ноември на стриминг платформите Hulu и Disney+, започнаа невидено лоши критики на сметка на самата приказна за серијата, во која глумат Ким Кардашијан, како и нејзините колешки, кои инаку се наградувани актерки, нарекувајќи ја оваа драма „најлошата серија на годината“.

Американската медиумска ѕвезда ѝ се придружи на силната женска екипа во новиот проект, во кој се вклучени популарните актерки Глен Клоуз, Сара Полтон и Тејана Тејлор. Серијата следи тим од моќни адвокатки кои ја напуштаат својата фирма за да започнат своја, додека жестоката адвокатка за разводи, Алура (Кардашијан) одлучува да го уништи својот помлад сопруг кој се оженил со неа за пари.

- Advertisement -
Ad image

Првите три епизоди можат да се гледаат на стриминг платформите, а секоја следна епизода ќе биде објавувана секој вторник.

Вакво оцрнување не се памети, се чини дека ја имаме најлошата серија досега: „Таа е за глумата она што е Џингис Кан за демократијата!“

Иако имаа многу добра промоција на серијата, пред неколку дена се чинеше дека ова не може да ги спаси од критичарите кои го кажаа своето. Досега, серијата доби ретко видена оценка од 0 проценти на веб-страницата за рецензии, Rotten Tomatoes.

Се чини дека таквото „оцрнување“ на серијата предизвика љубопитност кај гледачите, а самата Ким се пошегува на сметка на критиките со голема објава на својот Инстаграм профил, каде што споделува смешни „мемиња“ од социјалните мрежи, како и наслови од весници, а сето тоа додека позира со насмевка со своите колешки и со режисерот на серијата, Рајан Марфи.

– Дали се вклучивте на најфалената серија во годината!?!?!? All’s Fair сега се емитува на @hulu и @disneyplus – напиша таа во описот и доби голем број коментари со поддршка од своите обожаватели.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation