Владата во текот на следната недела ќе назначи владини повереници во четирите општини во кои лкалните избори беа неуспешни затоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус од една третина излезност на гласачите.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека чекаат Државната изборна комисија официјално да ги заврпи изборите.
– ДИК треба да ја информира Владата, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието, а Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини – рече Мицкоски.
Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.



























