Србија ја делат само неколку дена од можен колапс во снабдувањето со нафта и горива. На 21 ноември стапуваат на сила на санкциите на САД на „Лукоил“, а до 25 ноември се исцрпуваат и залихите на НИС по воведувањето на американските санкциите против компанијата со руска мнозинска сопственост.
Според српските медиуми санкциите на САД, кои ја вклучуваат и руската компанија Лукоил, стапуваат во сила на 21 ноември и се очекува да предизвикаат сериозни предизвици за енергетските текови во Југоисточна Европа. Србија, како земја каде што Лукоил работи повеќе од две децении, исто така ќе ги почувствува последиците. Дополнително состојбата на усложнува и соопштението на „Гунвор“ дека се повлекува од купувањето на имотот на „Лукоил“ во странство. „Лукоил “ има лиценца за редовно работење во Србија до 21 ноември.
Иако „Лукоил Србија“ официјално не е на листата на санкционирани субјекти, аналитичарите предупредуваат дека секое ограничување на работењето на матичната компанија може да се одрази во тешкотии во набавката и дистрибуцијата на деривати. Засега, пазарот реагира претпазливо, но порастот на цените на нафтата на светските берзи веќе влијае на домашните пумпи, пишува Блиц.
Вториот клучен датум, 25 ноември, се однесува на НИС, чии залихи на сурова нафта стекнати пред воведувањето на ограничувањата на САД се доволни за рафинирање до тој период.
Претставниците на НИС известија дека производството во рафинеријата во Панчево се одвива во согласност со плановите презентирани на претходните состаноци на тимот за кризни ситуации,, што подразбира дека има доволно нафта за преработката да се одвива до 25 ноември.
На состанокот беа презентирани административните мерки предвидени со Заклучокот на Владата со цел олеснување на активностите при увоз на нафтени деривати.



























