Српскиот претседател Александар Вучиќ денес, во име на граѓаните на Република Србија, изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот што избувна во дом за стари лица во Тузла во вторник вечерта.
„Со длабока тага ја примив веста за трагичниот пожар во дом за стари лица во Тузла, кој одзеде голем број животи. Во мое лично име и во име на граѓаните на Република Србија, изразувам искрено сочувство до семејствата на жртвите, молејќи се за брзо закрепнување на повредените“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа X.
Во овие тешки времиња, изразуваме солидарност со Тузла и Босна и Херцеговина, со подготвеноста на Србија да обезбеди секаков вид помош, доколку е потребно, рече Вучиќ.



























