Поранешната кошаркарка на WNBA, Кисре Гондрезик, која играше за Indiana Fever и Chicago Sky, одлучи да се претстави во сосема поинакво светло позирајќи целосно гола за легендарното списание „Playboy“.
Американката на тој начин стана една од ретките професионални спортистки што се појавија во ова култно списание, а нејзиниот потег предизвика големо внимание и лавина од коментари во јавноста.
„Луѓето го нарекуваат ова промена, но јас го гледам како еволуција. Не се откажувам од тоа што сум, само градам повеќедимензионален бренд“, рече Гондрезик.
Таа нагласи дека ова е свесен потег со кој сака да ја преземе контролата врз сопствениот наратив и да покаже дека спортистките можат да бидат силни, независни и автентични дури и надвор од спортското поле.



























