(ОБНОВЕНО)Полицијата открила лабораторија за марихуана,оружје и бомби во „Шумски Рај“ Мешеишта кај Охрид

Saso
By Saso
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вчера навечер, криминалистичката полиција при Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид извршила акција по претходни оперативни сознанија во село Мешеишта, Општина Дебарца,во поранешниот ресторн „Шумски Рај“ каде што беше откриена лабораторија за производство на марихуана.

При извршениот претрес на локацијата, полицијата пронашла поголема количина на опојната дрога марихуана, како и оружје ,пиштоли , автоматски пушки „Калашников“и неколку бомби, дознава редакцијата на Охридскај.

Операцијата била спроведена од страна на криминалистичката полиција, која дејствувала врз основа на оперативни информации за можно производство и дистрибуција на дрога во овој дел на општина Дебарца регион.Еден од приведените претходниот ден со уште едно лице од Струга биле фатени со опојна дрога „Кокаин“.

Засега не се објавени детали за бројот на лица кои се приведени или за точната количина на запленетата дрога и оружје.

Се очекуваат дополнителни информации од СВР Охрид во текот на денот, каде што ќе бидат објавени официјални детали за оваа полициска акција, како и за правните постапки што ќе следат против осомничените лица.

Оваа акција претставува дел од континуираните напори на македонската полиција за сузбивање на организираниот криминал и илегалната трговија со опојни дроги во земјата.

Текстот ќе биде ажуриран штом ќе пристигнат дополнителни информации од надлежните органи.

Соопштение на МВР на РСМ

„На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско. При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден сандак со куршуми калибар 7,62 милиметри, два стари револвери, еден пиштол „VZOR“ калибар 7,65 милиметри, две автоматски пушки, еден тромблонски држач, едно тело и една иницијална каписла од рачна бомба, пакување со црна грутчеста материја, ќеса со кафеава прашкаста материја и други предмети кои нелегално ги поседувал.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.

- Advertisement -
Ad image

С.Денесовски

Share This Article