Цените на златото денеска пораснаа за 1,07% на 3.973,77 долари за унца, поддржани од послабиот долар и намалувањето на каматната стапка од страна на Федералните резерви, додека инвеститорите останаа претпазливи во врска со исходот од трговскиот договор меѓу американскиот претседател и Кина.
Фјучерсите за злато во САД за испорака во декември, пак паднаа на 3.977,10 долари за унца.
Индексот на доларот падна за 0,2% откако достигна двонеделен максимум во однос на конкурентите во среда, што го направи златото подостапно за сопствениците на други валути.
 
							 
								 
			

 


 
                               















 
		 
		 
		 
		 
		







 
		 
		 
		 
		