Француската тенисерка Оушан Додин проговори за естетската операција на градите.
По деветмесечна пауза, таа се врати на тениските терени, играјќи на ITF турнирот во Ремс, но повеќе се зборуваше за нејзиниот физички изглед отколку за нејзината игра. Имено, Додин направи естетска операција на градите и, како што тврди, стана првата тенисерка што се одлучила за таков потег:
– Да, во овој спорт тоа не е вообичаено. Знам дека никој не го направил тоа пред мене, знаев дека луѓето ќе зборуваат, но за мене не е ништо лудо. Тоа се само гради, ништо посебно. Можеби луѓето ќе зборуваат затоа што е ново и необично, но не толку колку што мислев – вели таа.
Тенисерката тврди дека добила низа непријатни прашања од мажи, а особено ја вознемирило прашањето од еден новинар дали воопшто може да игра тенис по операцијата на градите:
– Секако дека можам да играм! Да, моите гради се големи, но тоа не значи дека не можам да се движам. Има тенисерки со поголеми гради од моите и тие и натаму играат. Моите се само вештачки, тоа е сè“, рекла таа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
