Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на тврдењата на Изет Меџити за негово евентуално влегување во Владата, категорично негирајќи дека има каква било комуникација или соработка со актуелната власт.
Села рече дека не знае за каква комуникација зборува Меџити, додавајќи дека тоа што се пласира во јавноста е „мешавина од лаги, пропаганда и контрадикторности”.
„Политичката сцена е целосно измешана — самиот Изет вели дека не знае со кого комуницирал. Сето тоа е мешавина од лаги, пропаганда и контрадикторности. Вистината е секогаш јасна, таа е само една и не може да биде две или повеќе. И тоа навистина звучи како Изет!”, порача Села.
Тој категорично негира дека има каква било соработка или договор со актуелната влада.
„Комуникација со мене — нема. Дел од владата — не сум. Стојам со оние што сакаат да ни ги одземат правата како народ — апсолутно не”, потенцира Села.
Лидерот на Алијансата додаде дека политичките резултати ги мери не според функциите и привилегиите на власта, туку според тоа колку придонел за рамноправноста на Албанците во државата.
„Ќе треба да работиме заедно во парламентот — со вас и со ВМРО. Како и секогаш, власта ќе биде од едната страна, а јас од другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице”, истакна Зијадин Села, јасно ставајќи до знаење дека неговата позиција останува опозициска и критична кон актуелната власт.
С.Д.
Tagged as:
Зијадин Села Лидерот на Алијансата за Албанците остро реагираше на тврдењата на Изет Меџити
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
