Нови пет авионски линии на „Визер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска и утре.
Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6.05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм – Арланда. Првиот лет на линијата Скопјe – Бари ќе започне да се реализира од денеска во 14.0 часот.
Oд аеродромот во Охрид, првиот лет за Базел полетува денеска во 12 часот.
Утре, на 28 октомври, ќе започне и новата линија Скопје – Мадрид, со првиот лет во 16.05 часот. Враќањето на линијата Скопјe – Ларнака ќе започне со лет што пристигнува од Ларнака до Скопјe утре во 7.15 часот.
Летовите кои што започнуваат денеска, 27 октомври, од Скопје до Стокхолм и Бари, како и од Охрид до Базел, ќе се одвиваат два пати неделно – секој понеделник и петок.
Летовите кои што започнуваат утре, 28 октомври, од Скопје до Мадрид, ќе се реализираат секој вторник, петок и сабота, а од Скопје до Ларнака – вторник и сабота.
Од петте нови линии што започнуваат денескa и утре, Мадрид и Бари се целосно нови дестинации за македонскиот пазар, односно главниот град на Македонија за првпат ќе биде поврзан со шпанската престолнина и со италијанскиот крајбрежен град.
Ларнака и Базел се повторно воспоставени линии, додека Скопје – Стокхолм е нова авионска линија, бидејќи „Визер“ отсега ќе лета кон главниот аеродром во шведската метропола – Арланда.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
